Горди сме! Македонски танчари станаа светски шампиони - Љубљана обоена во црвено-жолто

„Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас. Емотивно е мал збор, испишавме историја“ - напишаа од танцовото студио Eureka.

gordi-sme-makedonski-tanchari-stanaa-svetski-shampioni-ljubljana-oboena-vo-crveno-zholto-01.jpg

Македонските танчари од студиото Eureka Dance Company станаа светски шампиони во танц, на првенството што се одржа во Љубљана, Словенија.

Тие се закитија со злато во категоријата Продукција all styles and ages на IDO Hip-hop and Popping World Championships

На второто место исто така беше танцова група од Македонија, па кога застанаа на подиумот, двете екипи го обоија во црвено-жолта боја, и ја пееја на глас нашата хумна.

gordi-sme-makedonski-tanchari-stanaa-svetski-shampioni-ljubljana-oboena-vo-crveno-zholto-02.jpg

„Авторското дело насловено You against you е приказна за искрената детска желба, за соништата и патот до нивно остварување и е во кореографија, идеја и реализација на Ања Јолакоска.

На сцена бевме 58 танчери од 8 до 20 години и 8-минутна авторска кореографија.

Инаку, на Светското првенство учествуваат околу 4.300 учесници од 31 земја и 5 континенти“, рекоа од Eureka за CRBOBELO.com.

gordi-sme-makedonski-tanchari-stanaa-svetski-shampioni-ljubljana-oboena-vo-crveno-zholto05.jpg

Видео од славењето на победничките екипи и моментот на пеењето на химната, е објавено на Инстаграм профилот на танцовото студио.

„Македонијо имаш на што да се радуваш и со што да се гордееш! Македонската химна се пееше на цел глас, а Љубљана ја обоивме црвено-жолта.

Емотивно е мал збор, испишавме историја. Тацот и љубовта секогаш победуваат! Верувајте во себе и вашите соништа.

Ања Јолакоска ни подари парче вистинска бајка“ - пишува во објавата.

gordi-sme-makedonski-tanchari-stanaa-svetski-shampioni-ljubljana-oboena-vo-crveno-zholto06.jpg

Кликнете и погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонијо, убава си! Златните полиња на патот накај Кочани се рај за очи и душа Понекогаш како да подзабораваме што сè Македонија има да ни понуди... Какви прек...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава