Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, многу луѓе ми нудат помош“
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
„Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистувам“ вели Андреј кого јавноста го запозна како Градинарот, момчето кое со многу ентузијазам расчистува улици, тротоари, делови од паркови во главниот град од израсната трева, грмушки, коров...

Андреј Рајатоски (25) од Скопје по професија е економист, но јавноста го препознава како Градинарот.
Тој веќе неколку месеци сам го расчистува Скопје - некаде уличка, на друго место тротоар обраснат со треба го прави прооден...

Секојдневно на социјалните мрежи добива пораки од своите следбеници кои му испраќаат локации на места кои сметаат дека треба да се исчистат.
Но, Андреј вели дека и многумина веќе му ја понудиле својата помош, па сака да организира волонтерска акција за да се соберат што повеќе луѓе и да исчистат колку што е можно поголем дел од градот.

За својата идеја, но и колку често излегува на улица за да расчисти некој дел, тој раскажа за CRNOBELO.com:
„Идејата ми дојде гледајќи ги странските креатори кои го работат ова, некои од САД некои од Австралија, а и состојбата на некои места во нашиот град, исто така, допринесе за тоа да почнам сам да расчистувам.
Зависно од состојбата на местото, отприлика ми требаат 1,5 до 2 часа за да го расчистам.
Локациите кои ги избирам да ги расчистам се места на кои поминувам, но понекогаш тоа го правам и по сугестии од моите следбеници на социјалните мрежи.


Има доста што ми праќаат локации за средување во градов, но мојата прва реакција е дека иако со задоволство би отишол, за жал не можам да постигнам на секое место.
За чистењето користам секакви алатки - од лопатка до тример.
Чистам 2-3 пати неделно, зависи од обврските и временските услови.

