Александра Шијакоска емотивна за првиот роденден на синчето Риан: „Мама се бореше со животот само за тебе“
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
„Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка… Но, Господ е добар и имал друг план“, стои во емотивната објава на Александра Шијакоска по повод првиот роденден на синчето Риан.

Синчето на Александра Шијакоска наполни една година, а по тој повод, инфлуенсерката објави неколку фотки со емотивна објава.
На роденденската фотосесија, Шијакоска позира со синчето и сопругот Едмонд Весели.
Во описот, пак, се присетува на најтешкиот период од нејзиниот живот, а ја споделува и радоста што станала мајка.
„Писмо до мојот син
Од мала замислував како ќе бидам мајка. Знаев дека тоа ќе биде исполнување на сите мои желби и соништа.
Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка.
Верував дека си ја пропуштив шансата и дека ќе си заминам без да го почувствувам најубавото чувство на овој свет.

Но Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине.
Го преживеавме и тоа, и многу други предизвици по патот, и еве нè, денес сме тука.
Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда за никогаш неизгубената верба, волја и сила.
Сега имам само една желба, да бидам што подолго покрај тебе, да те сакам и да те научам што значи моќта на добрината.
Среќен прв роденден, те сака мама“.





Спирова С. | Црнобело
