Актерката Симона Живковска ги доведе сопругот и синот во родната Македонија - прошетка низ Охрид, посета на семејството
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2025
Симона Живсковска, која глумеше покрај Скарлет Јохансон во „Црната вдовица“, неодамна дојде во Македонија со сопругот и нивното бебе, за да ги прошета низ земјата, но и да си го види семејството во Скопје.

Македонската актерка, Симона Живковска, која долги години живее во Лондон, по скоро две години дојде во родната земја.

Таа неодамна стана мајка и го роди синчето Зион, па овој пат во Македонија дојде со бебето и со сопругот, актерот Тео Џонсон.

Симона малку се одмори, помина време со своето семејство кое живее во Скопје, но, со сопругот беа на неколку дена и до Охрид, за да му покаже мал дел од убавините на нашата држава.

Иако беа во Македонија пред неколку недели, Симона фотките на својот Инстаграм ги објави сега.

„Во тивкиот хаос на четвртото тримесечје, кога деновите се како низ магла, а емоциите се силно изразени, ова мало бегство ме потсети колку многу љубовта може да лекува.
Не бев ни свесна колку многу ми требаше да дишам пак, да го почувствувам сонцето, едноставно, да постојам - додека ти не ми го овозможи тоа.

Тео, фала ти што си секогаш еден чекор понапред, што знаеш што сакам и пред да го прошепотам тоа, што ме носиш низ ова време со трпеливост и грациозност.
Јас и бебето Зион сме бесконечно благодарни што постоиш - за твојата љубов, сила и за твоето срце“, напиша Симона во пораката до сопругот.
Прочитајте и Симона Живковска, актерка: „Глумев со Скарлет Јохансон, работев во машки затвор, а во детството берев цреши во село Бразда“
А. Ј. | Црнобело