Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познатите Македонци

Дизајнерот Златко Јовановски најубавото макијато го пие во Тетово за 40 денари

И додека го пишувам ова уживам во моето кафе. Најчесто пијам нескафе или макијато. Еспресо пијам само кога постам.

Макијато со мраз сакам да пијам во лето, а турско кафе пијам само кога морам, затоа што сум на гости.

Дома пијам само нескафе. Порано ги имаше зелените strong кутии и дефинитивно тоа ми е омилено кафе, но сега не ги наоѓам по маркетите, па затоа пијам од „нормалното“.

Дефинитивно јас го правам најубавото кафе, додуша само тоа и знам во кујна да го направам, ха, ха.

Мојот таен рецепт за совршено нескафе е следен - 2 преполни лажички кафе со пола лажичка шеќер ќе ги попарите со зовриена вода, колку да го покрие дното на шолјата.

Ќе дополните со многу ладно млеко и тадааам, го имате совршеното кафе на собна температура, идеално за старт на денот и доволно големо за да не морате да појадувате.

Јас вообичаено користам млеко со ниска масленост.

И да, битно е и во каква шолја го пиете првото кафе. Јас сакам да ми стартува денот со натпис You Аre the Вest или Good Мorning King, или, пак, со шолјата од CRNOBELO.

На ден пијам по 5-6 кафиња, зависи од денот - дали е во кафуле или дома, сè исто.

Но од дома наутро не излегувам без кафе. A ако вистински немам време, правам во термoс и го пијам во кола.

karolina-pie-kafe-od-navika-vasil-garvanliev-se-budi-so-duplo-espreso-vo-5-kafe-rituali-na-poznatite-makedonci-05.jpg

Kога патувам сакам да ги посетам најубавите кафулиња и ресторани, сакам да пијам кафе во лобијата на најелитните хотели и да се фоткам во истите...

Но, верувајте ми дека најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од комшиската чајџилница и истото чини 40 денари.

Потамам од тоа макијато нема. Таму знам да пијам и салеп со цимет. Ммм…

Кафето не ми создава несоница, знам да испијам кафе и на полноќ а после еден-два часа да сум во длабок сон. Ни енергетските пијалаци воопшто не ми влијаат на сонот.

Не ми се допаѓаат кафињата што личат на торта од три спрата со шлагови, чоколадни бобици, шарени мрвици и на сè тоа - чоколадна цевка за пиење.

Не ги пијам ни кафињата во лименка или мал тетрапак. Нив не ги разбирам, за мене тоа е сè, но кафе не е.

А не разбирам ни што е безкофеинско кафе. Кој душман го измисли тоа?!

Ај тој што го измисли, ни овие што го пијат не ги разбирам. Да платим кафе без кофенин?! Извини ама ја за тоа паре не давам! Никогаш!

karolina-pie-kafe-od-navika-vasil-garvanliev-se-budi-so-duplo-espreso-vo-5-kafe-rituali-na-poznatite-makedonci-07.jpg

Водителката Бубе Јаневска пие само едно кафе на ден

Со оглед на тоа дека пијам само едно на ден, македонско или турско кафе, како сакате наречете го, сакам да ми биде секогаш погодено.

Отприлика си ја знам дозата: две полни лажички кафе, без шеќер во голема шолја (како за млеко).

Многу ми е битна шолјата од која пијам. Затоа имам две специјални кои ги употребувам, една дома и една на работа.

И никогаш не ги менувам. Дури и на одмор си ја носам. Некако во друга шолја не ми ‘иде’ и не ми е вкусно.

Имам омилен бренд на кафе. Многу кафиња т.е. брендови што претходно ги употребував го менуваа својот квалитет (навистина не ми е јасно зошто производителите го прават тоа), па немав константа кога беше кафето во прашање.

И по многу експериментирања, конечно веќе 3-4 години, а можеби и повеќе, се задржав на едно.

Одамна имам забележано дека ми пречи кафето што ќе го пијам во подоцнежните часови затоа што навечер не можам да заспијам, па затоа и пијам само едно и ми е сосема доволно.

И секогаш ми е смешен изразот „Ај да се видиме на кафе”, а јас не пијам.

karolina-pie-kafe-od-navika-vasil-garvanliev-se-budi-so-duplo-espreso-vo-5-kafe-rituali-na-poznatite-makedonci-091.jpg

Првото и единствено кафе, зависно од тоа која смена сум на работа, го пијам или на работа веднаш по вестите во 7 часот или дома.

Тоа ми е ритуал од помалку од еден час во кој уживам секогаш на различен начин.

Особено ми се омилени првите врели голтки. Дома, ако сме слободни двајцата, најчесто утринското кафе го пијам со Александар, мојот сопруг.

Си разговараме за денот, за плановите, обврските. Кога сум само со ќерка ми тогаш дел од кафето може да биде испиено додека повторуваме или учиме некоја лекција.

А кога сум сама, кафето го пијам со моите мисли кои ги пишувам во моето „книжуле за манифестации“.

Ако сум утринска смена на работа го пијам во друштво и во разговор со моите колеги.

На работа знам понекогаш да си го „утнам“ кафето, ама затоа имам прекрасен колега кој, кога е на смена со мене, е задолжен за правење на овој утрински пијалак и знаеме дека го прави најубавото кафе.

karolina-pie-kafe-od-navika-vasil-garvanliev-se-budi-so-duplo-espreso-vo-5-kafe-rituali-na-poznatite-makedonci-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg