Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да не ме изневери“
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
„Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа за неверство. Изневерување е кога ќе се вљубиш и ќе си ја заборавиш жената. Јас не ја заборавив моја Тања, секогаш се враќав дома“, вели Гоце Тодоровски кој смета дека тајната на долгиот брак е „да имаш швалерки“.

Еден од омилените актери кај нас, Гоце Тодоровски, беше гостин во „Лазаров Поткаст“, каде што со Стефан разговараше на теми поврзани со долгата кариера, пријателството со Ванчо Петрушевски, но и за семејството, бракот, децата - синот Гоце и ќерката Сашенка.
Сепак, многумина беа изненадени од одговорот на Гоце за тоа како се одржува брак 50 години и која е тајната на неговиот брак кој трае 5 децении.

Низ смеа, тој вели:
„Да не се вртиш многу дома. И да имаш швалерки. Се шегувам, ама и не се шегувам. Мојата работа беше таква што јас многу малку бев дома, снимање, претстави проби...“.

На ова Лазаров го прекинува со прашањето: „Швалерки си имал?“, а Гоце му одговара:
„Па... јас имав надимак у театар за таа работа, кој ми е незгодно да го кажам, слично на женкар, ама понесофистицирано.
Долго време мислеа дека сум ерген, дека не сум женет, а јас многу млад се оженив, на 24 години.
Жена ми не ми се налути, знаеше дека никогаш нема да ја оставам.
Кога ја упознав, јас имав 3-4 женски, раскинав со сите и останав со нејзе и после година дена забављање, јас се оженив со Тања моја.
Гоце со сопругата и ќерката
Дома ѝ се јавуваа ‘Гоце е со мене’.
Таа, со опроштење, им викаше: ‘Може да ми се фатитe, тој никогаш нема да ме остави, ве лаже, џабе мислите дека ве сака“.
Додуша јас сите ги сакав. Не бев вљубен, туку, едноставно ги сакав, иначе не би бил со нив.
И горе-доле, сите беа многу убави и многу повисоки од мене.
Многу сум искомплексиран, ја дека мал, нормално е да биде повисока од мене, ха, ха. Повеќето беа повисоки од мене 10-15 па и 20cm“ - вели Гоце.

