Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да имаш швалерки“
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
„Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровски“ - напишаа од студиото за тетовирање, каде што актерот ја стави својата прва тетоважа.

Актерот Гоце Тодоровски на свои 74 години реши да се истетовира.
Тој на рамото стави тетоважа со крст и ангелски крилја, а ја направи во тату студиото Парлов, на Мате и Бојана Парлов.
Откако го истетовираа, од студиото на Инстаграм Стори објавија фотка од првата тетоважа на актерот.
„Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровски.
Голема благодарност што се одлучи за нашето студио“, пишува во пораката.

Интересно е што Тодоровски ја стави првата тетоважа во осмата деценија од животот, само неколку дена откако гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров.
А таму, освен за кариерата зборуваше и за децата, синот Гоце и ќерката Сашенка, но и за својот 50 години долг брак со сопругата Тања.
Во изјавата тој кажа дека тајната на успешниот брак е „да не се вртиш многу дома и да имаш швалерки“.

„Се шегувам, ама и не се шегувам. Кога ја упознав жена ми, јас имав 3-4 женски, ама раскинав со сите и останав со нејзе и после година дена забављање, се оженив со Тања моја.
Дома ѝ се јавуваа: ‘Гоце е со мене’. Таа, со опроштење, им викаше: ‘Може да ми се фатитe, тој никогаш нема да ме остави, ве лаже, џабе мислите дека ве сака“.
Додуша јас сите ги сакав. Не бев вљубен, туку, едноставно ги сакав, иначе не би бил со нив.
И горе-доле, сите беа многу убави и многу повисоки од мене“ - кажа Тодоровски.

Прочитајте и Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да не ме изневери“
А. Ј. | Црнобело
