Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да не ме изневери“
На ова, Стефан,изненаден од неочекуваниот одговор на актерот, коментира:
„Јас па мислев ќе ми раскажеш почит, љубов, не знам што, сепак 50 години“.

Гоце, кого публиката го обожаваше со улогите во „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“ и „Македонски приказни“, му одговори дека сето тоа постои.
„Само, важно за мажот е жената да не те изневери. Јас на Тања моја ѝ верував. Јас ако ја изневерев ќе ја оставев.
Јас не изневерував. Јас едноставно бев со нив, се дружевме, не го сметав тоа за неверство.
Изневерувањето е кога ќе се вљубиш и ќе ја заборавиш жената. Јас не ја заборавив нејзе, секогаш се враќав дома.
А и жена ми знаеше дека нема да ја оставам, веројатно и на неа ѝ беше сеедно.
Јас не можев да ја оставам неа ради дечињата, не можев да рескирам.

А сакав женско друштво, и они ме сакаа мене. Не сум се удварал, они сами доаѓаа.
Мислеа дека сум неженет, а ако ме прашаа дали сум во брак им викав: ‘Не е важно дали сум женет’.
Јас сум искрен. Сакав женско друштво, сакав женско тело. Само молев Бога жена ми да не ме изневери, зашто тогаш ќе ја оставев 100%.
Ама таа издржа. Едноставно не помислуваше на тоа. Знаеше дека подобар од мене нема, ха, ха“ - вели Гоце.

Разговорот за бракот на Гоце и Тања почнува на 02:13:44. Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук
