Браво! Сопственик на македонски фаст-фуд му подари автомобил на свој вработен: „Гинеше со мене кога беше најтешко“

„Од почетокот, кога немавме ништо, до денес кога стоиме позади нешто големо, за ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд“, напиша газдата Мише Цвејевски и сподели фотки од изненадувањето за својот вработен Антонио.

sekoja-chest-sopstvenik-na-makedonski-fast-fud-mu-podari-avtomobil-na-svoj-vraboten-gineshe-so-mene-koga-beshe-najteshko-01.jpg

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот фаст-фуд ланец Baking Bread во Скопје, е несебичен човек со големо срце. Тој изненади еден од своите вработени, Антонио Атанасовски, и му подари автомобил.

Мише, вели дека не може да заборави колку Антонио му помагал и „гинел“ за компанијата како да е негова, па сака да му се заблагодари за целата пожртвуваност низ годините.

sekoja-chest-sopstvenik-na-makedonski-fast-fud-mu-podari-avtomobil-na-svoj-vraboten-gineshe-so-mene-koga-beshe-najteshko-11.jpgМише Цвејевски

Несебичноста на Мише ја изненади јавноста, па велат дека се ретки ваквите газди кои знаат вистински да го ценат тоа што вработените го прават за нив.

На својот Инстаграм, тој објави две фотки од изненадувањето за Антонио.

sekoja-chest-sopstvenik-na-makedonski-fast-fud-mu-podari-avtomobil-na-svoj-vraboten-gineshe-so-mene-koga-beshe-najteshko-10.jpgАнтонио Атанасовски

Со пораката до него, Мише трогна, и насмеа многумина:

„Шупе не е само дел од Baking Bread, Шупе е дел од приказната.

Од почетокот, кога немавме ништо, до денес кога стоиме позади нешто големо.

Гинеше со мене кога беше најтешко.

За ништо никогаш не ме одби и не кажа не.

sekoja-chest-sopstvenik-na-makedonski-fast-fud-mu-podari-avtomobil-na-svoj-vraboten-gineshe-so-mene-koga-beshe-najteshko-03_copy.jpg

Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата.

Некогаш е Шупелка и ме нервира, ама тоа е нормално. 

Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга.

Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread.

За тоа што поминавме, и за тоа што следи“.

Погледнете ја неговата објава:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава