Цеце Николова со фотка од детството во дом без родители, Јанг Дади ја покажа девојката - Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2025
„Нов возач во Антиќ семејството“ - напиша Перо за најстариот син Лука, а пак Цеце Николова сподели фотка од детството кое го помина во СОС детското село и напиша: „Денес само би (с)ѝ рекла дека сѐ е океј, а можеби и многу повеќе од тоа“. Што прават нашите ѕвезди деновиве?

Јанг Дади го прослави својот роденден заедно со новата девојка која е вљубеничка во модата, а пак водителката Елена Стојановска го искористи ноември за уживање на рајска дестинација и сподели бајковитки фотки од Малдиви.
Нашите ѕвезди деновиве беа активни со работни ангажмани, но и со уживање, прошетки, патувања и прослави.
Што правеа познатите Македонци на Инстаграм деновиве?
Цеце Николова објави фотка од детството, кое го поминала во СОС детско село, без родители
„Денес само би (с)ѝ рекла дека сѐ е океј, а можеби и многу повеќе од тоа“.
Лозано во Велс ја бодри македонската фудбалска репрезентација


Јанг Дади објави фотки од роденден и ја покажа неговата девојка

Перо Антиќ му честита на најстариот син Лука за возачката дозвола

Пере Нокаут со сопругата и сите ќерки го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Софиа на отворено


Сузана Спасовска

