Празнична магија во Штип - градот блеска со светилки, украси и накитени мостови
- Детали
- среда, 03 декември 2025
Новата 2026 е на прагот, а нашите градови, еден по еден, почнуваат да живеат во празничен дух. Празничната еуфорија го зафати и Штип, кој изгледа прекрасно со сите новогодишни украси - да посакате веднаш да го посетите!

Откако пред неколку дена беа накитени делови од Скопје, сега и Штип блесна во полн сјај и ја донесе магијата на Нова Година и Божиќ во центарот на градот.
Мостовите се накитени со светилки, а има илјадници светилки и низ самиот град.

Тука се и големи украсни топки направени од сијалички, блескави ѕвезди пред кои се фотографираа и децата, но и возрасните.
И секако, голема елка, која е украсена со сијалички во црвена боја.

Фотките од Штип толку прекрасни, што ќе посакате да поминете барем една вечер таму и да се забавувате пред празниците.
Погледнете ги фотографиите:















А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук Иван Јорданов