Роберт Билбилов со ретка фотка со синот, Ивона Јо направи фотосесија во јакна од починатиот татко - Што прават познатите деновиве?
- Детали
- вторник, 09 декември 2025
Џокер, сопругот на Антониа Гиговска покажа дека нејзиниот лик е насликан на тапанот на кој свират музичарите од нејзиниот бенд, Пере Нокаут се дружеше со младата Тина Русева од The Voice of Germany на настап во Дизелдорф.

Давид, синот на Роберт Билбилов наполни 18 години, па музичарот сподели ретка фотографија со него за да му го честита роденденот. Фотографија со роденденска честитка за Давид објави и Дарко Димитров.
Ивона Јо сподели две фотографии во јакната што ја добила пред една година од, сега починатиот татко, а е наследство од дедо ѝ.
„Лани му ја побарав јакната на татко која му е потомство од татко му - дедо ми Раде. Со цело срце ми ја подари и кажа ти си ќерко- татин син“ - напиша таа на Инстаграм.
Што правеа познатите Македонци изминатата недела на Инстаграм?
Влатко Лозаноски во Лондон



Иџе со семејна фотка од роденденската прослава на мајка му

Викторија Лоба на Тајланд


Ивона Јо со фотосесија во јакната од татко ѝ
