Хит споредбa: Елката во Скопје со прозорчиња е инспирирана од елката во Крајова од 2023-та (фото)
- Детали
- среда, 17 декември 2025
Елката со прозорчиња од Скопје 2025 е инспирирана од елката во Крајова, Романија во 2023-та, а пак таа од елката во Вилнус, Литванија во 2015-та година. Кога има магија, треба да се сподели, зарем не?

На 15-ти декември на плоштадот Македонија во Скопје беше осветлена новогодишната елка, со што нашиот главен град и официјално блесна во празнично руво.

Мислењата за елката и декорациите како и секогаш се поделени, но сепак на нашиот град му требаше доза празнична магија.

Годинава на плоштадот осамна елка со прозорчиња, за која се нижеа низа шеги од типот: „Колку е метар квадратен стан на оваа локација?“ и слично.


Потоа осамнаа и споредби на нашата елка со слични такви елки.
Споредбите најчесто беа со елката со прозорчиња од романскиот град Крајова.
Крајова
Крајова се наоѓа на околу 6 часа возење со автомобил од Скопје и благодарение на искусни патувачи, го доби второто место на листата со најубави божиќни пазари за 2025, според European Best Destinations.
Крајова
Крајова
Овој град во последните години стана особено познат по спектакуларните новогодишни и божиќни декорации, поради кои често се споменува во европските медиуми.
Секогаш има огромни елки, многу празнични активности и забавен парк, летечка санка на Дедо Мраз, лизгалиште, панорамско тркало, бајковити куќички и уште многу други атракции украсени со илјадници светилки.
Крајова
Па, во 2023-та во Крајова блесна прекрасна елка со прозорчиња, онаа која ја споредуваат со нашата актуелна елка.
Крајова
Крајова
Но, сепак идејата за оваа елка не потекнува оттаму, туку тие се инспирирани од импресивната и легендарна новогодишна елка на градот Вилнус во Литванија, која стоеше на Катедралниот плоштад во 2015 година.