Анета Апостолоска: „Славата ја наследив од моите родители и верувам дека Св. Никола прави чуда“
Јас, како и во многу работи така и за славата, сакам сè да ми биде беспрекорно, задолжена сум за правење на ситните колачи, како и за сервирање на масата.

Спремаме посна храна, зелени салати, како и овошје.

Се верува дека Св. Никола им помагал на сиромашните и тајно им оставал пари во чевлите и чорапите, па оттука и легендата дека Св. Никола всушност е Дедо Мраз и затоа е потребно да се накити домот со елка и украси, како и да се даруваат дечињата со поклони.

Во празнична атмосфера со најблиските во радост и молитва го славиме овој празник, во чест на Св. Никола, молејќи се за здравје и добрина за секој дом.

Посебен и магичен го прават светилките, украсите, блескавата елка и оставените чорапи за подароци.
Трпезата може да биде богата и скромна, може да имаме гости, но може и самото семејство да си слави, најважно е да го дочекаме празникот со чисто срце, добра мисла и да се помолиме за здравје на сите, па и на нас.

Веќе од Св. Никола се почнува со празничната новогодишна еуфорија, па затоа и овој празник е малку поразличен од сите останати“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело