Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025?

Игор Стефановски Иџе

За мене 2025-та не беше некоја вау сезона, но задоволен сум со пласманот што го направив заедно со мојот тим - трето место во генерален пласман во мојата категорија во ФИА Европски шампионат.

Навистина сум среќен што заедно со Ферари направивме уште еден добар резултат и оваа година, така што најверојатно ќе продолжам и следната година со истиот бренд - чекам потврда на договорот од нивна страна.

Само сакам да кажам дека треба да сме благодарни за секој ден од животот што го живееме, секој ден се нови можности, секој ден е нов предизвик.

А јас сум благодарен за ќеркичката, за синот, за мојата Емче, што се покрај мене.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-09.jpg

Мики Секуловски

Една од поубавите работи што ми се случи оваа година е што на еден мој настап во Битола дојде баба Мира.

Тоа е жената кај којашто живеев 4 години додека учев во средното музичко училиште, жената која што ми беше како втора мајка за време на моето школување таму.

Подолго време немав настапувано во Битола, се немавме видено одамна...

Затоа кога ја видов како влегува во локалот каде што настапував, бев како во шок со оглед на тоа што жената има 86 години, а настапот ми беше во доцните ноќни часови.

Навистина бев изненаден и пресреќен кога ја видов жената што се грижеше за мене 4 години.

Тоа беше еден од поубавите мои моменти оваа година. И уште нешто - баба Мира играше, се забавуваше и остана до самиот крај на настапот.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-10.jpg

Тони Зен

Во 2025-та Јасен стана прваче, концертот во арената „Борис Трајковски“ остави траен печат, правам јубилејни 20 години од издавање на првиот албум.

Спремив оваа година и два албума на плоча со две стихозбирки, кои ќе излезат следната година и, како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се вика, да е здрава и жива.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-02.jpg

Каролина Гочева

Мислам дека ќе е тешко за кој било од нас оваа година да ја запамти по било што друго, освен по трагедијата која ни се случи во март.

Секако дека имаше и убави моменти, приватни и професионални, но остануваат во сенка на Кочани и луѓето кои засекогаш ги изгубивме.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-05.jpg

Марко Новески

Ќе ја паметам 2025 година, по тоа што го прославив првиот роден ден на Вања и Веда, на моите две дечиња близначиња, а исто така ќе ја паметам и по ангажманот во Урбан ФМ, каде што и се дружиме денеска со Скопје.

Од убавите ситуации, освен роденденот на моите деца, се уште многу такви ситуации поврзани со нив, како и првите чекорчиња и на Веда и на Вања.

Тоа беа посебни моменти ова година, заедно со првите зборчиња што ги кажаа, односно, мама и тато.

А неубава ситуација... можам да го издвојам она што се случи во Кочани, тоа остави некако посебна трага кај мене на еден неубав начин, и некако ги засени другите.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg