Даниел со „тепих од рози“ ја запроси Ирена на совршено место на италијанските Алпи (фото+видео)
- Детали
- среда, 24 декември 2025
„Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочани и веќе сме заедно една година, а откако кажа „ДА“ ќе бидеме заедно и цел живот. Инаку, таа е родена во Австрија, јас од 2020 година живеам во Швајцарија“, вели Даниел Стоименов (29), кој со својот брат е дел од музичката група MONSTERS.

Даниел Стоименов (29), роден во Скопје, а израснат во Кочани, ја запроси саканата Ирена на италијанските Алпи.

Ирена Крстова (23), родена во Австрија, а работи како книговодител.
Даниел околу 15 години се занимава со музика и заедно со неговиот брат ја создале групата MONSTERS, во далечната 2010 година.

Но, во 2020 се преселил во Швајцарија и оттогаш до денес таму работи во една од најпознатите фабрики за скии STÖCKLI.

Даниел за запросувањето споделува за CRNOBELO.com:
„Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочании и веќе сме заедно една година, а откако кажа „ДА“ ќе бидеме заедно и цел живот.

Ја запросив во Италија на италијанските Алпи, поточно во местото Vermiglio во еден од најпознатите хотели Chalet Al Foss.

Ја запросив таму заради тоа што има некоја симболика во Алпите, а тоа всушност е како јас ја гледам неа на кое високо ниво и со кои очи“.
