Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашата гордост“

„Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во нашата болница, нè поздравува за новогодишните празници со своето најголемо богатство во прегратка“, стои во Фејсбук објава на болницата д-р Органџиски.

zhenata-koja-rodi-na-60-godishna-vozrast-vo-bolnica-vo-shtip-pozira-so-sincheto-vo-pregratka-nashata-gordost-01.jpg

На Фејсбук профилот на клинката на д-р Стојан Органџиски споделија новогодишна честитка од жена која родила на 60-годишна возраст.

Жената го добила детето со помош на ин витро процедура во нивната клиника во Штип.

zhenata-koja-rodi-na-60-godishna-vozrast-vo-bolnica-vo-shtip-pozira-so-sincheto-vo-pregratka-nashata-gordost-04.jpg

„Нашата гордост.

Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во нашата болница, нè поздравува за новогодишните празници со своето најголемо богатство во прегратка.

Тоа мало прекрасно дете е нејзиниот свет, а за нас е најголемата радост и најсилната потврда зошто никогаш не се откажуваме.

Во тие очи има радост што ја знаат само оние што долго чекале. Во таа прегратка има години надеж, трпение, борба и вера. Вера дека сонот ќе се оствари и покрај сè. И, се оствари!

zhenata-koja-rodi-na-60-godishna-vozrast-vo-bolnica-vo-shtip-pozira-so-sincheto-vo-pregratka-nashata-gordost-02_copy.jpg

Ова не е само медицински успех. Ова е победа на човечноста, на упорноста и на љубовта. Победа над стравовите, над годините, над сите што рекле 'нема шанси'.

Таа денес живее живот исполнет со смисла, смеа и детска радост. А, ние сме неизмерно благодарни што бевме дел од патот што доведе до ова чудо.

Нека оваа приказна биде надеж за сите што сè уште чекаат. Нека биде потсетник дека чудата постојат, дека границите се поместуваат и дека љубовта особено мајчинската, нема возраст.

Среќни новогодишни празници од едно мало големо чудо и една исклучително храбра мајка“, стои во објавата.

zhenata-koja-rodi-na-60-godishna-vozrast-vo-bolnica-vo-shtip-pozira-so-sincheto-vo-pregratka-nashata-gordost-03_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...

Најчитани неделава