Штипската четворка порасна - слатки новогодишни честитки од Ведран, Леонтина, Теодор и Михаил (фото)
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
Момчињата дотерани во празнични блузички со Гринч, а Леонтина во црвено карирано здолниште и бела кошула, се фотографираа за новата празнична честитка - секој од нив доби и личен портрет, преку кој се гледа колку се тие пораснати, но и различни еден од друг.

Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор, познати во јавноста како „штипската четворка“, неодамна наполнија 2 години.
A сега, заедно со нивните родители, Благица и Александар, направија слатка новогодишна фотосесија.


Момчињата дотерани во празнични блузички со Гринч, а Леонтина во црвено карирано здолниште и бела кошула, се фотографираа за новата празнична честитка.


На дел од фотографиите се со Дедо Мраз, на дел со родителите, но секој од нив доби и личен портрет, преку кој се гледа колку се тие пораснати, но и различни еден од друг.
„Михаил е ‘скриено жарче’ и тивко прави пакост, Леонтина е зборлеста, Теодор е емотивен, а Ведран е водач на бандата“, рече неодамна нивната мајка Благица во интервју за CRNOBELO.com.

