Македонката што се прослави во Австралија со 4-те деца и сопругот позираше во раскошниот дом: „Славиме двапати Божиќ“
- Детали
- четврток, 01 јануари 2026
Снежана Маркоски Вуд живее во луксуз во Австралија. Сега, таа покажа како е накитен нејзиниот раскошен дом, каде живее со сопругот и 3-те деца од бракот со него, како и ќерката од претходниот брак.

Снежана Маркоски Вуд, најпознатата Македонка во Австралија, која се прослави и пронајде сопруг во реално шоу, позираше во празнично издание со саканиот и 4-те деца, 3 од бракот со него, и едно од претходниот.

Oблечени во бордо-маслинести тонови, како што е накитена нивната новогодишна елка, тие блескаат во нивниот дом.
Снежана откри дека во нивниот дом се празнуваат традициите и на сопругот и нејзините, па Божиќ го слават двапати, според православниот и католичкиот календар.

Нејзината објава:
„Среќни празници!
Среќен Божиќ од нашето семејство до вашето!
Подобро доцна отколку никогаш (им се обрати таа на своите следбеници од католичка исповед)… Јас славам двапати Божиќ – еден на 25 декември (како што празнува сопругот), а другиот на 7 јануари (како што празнува таа).
Така што, технички, воопшто не доцнам со објавата“.




Повеќе фотографии од неа и сопругот (на стрелката десно):
С. С. | Црнобело