„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од саканиот Мики
- Детали
- понеделник, 29 септември 2025
„Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и низ сите години што поминаа, љубовта само растеше и стануваше сè посилна“, вели Олгица Тодорова (24) за CRNOBELO.com.

Мики Костадинов (26) од Кочани ја запроси саканата Олгица Тодорова (24) од Кочани за време на одморот на Лефкада.
Олгица, шминкер и сопственик на салон за убавина, вели дека овој ден ќе го памети до крајот на животот.
За запросувањето таа за CRNOBELO.com вели:
„Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија.
Заедно сме уште од деца и низ сите години што поминаа, љубовта само растеше и стануваше сè посилна.

Запросувањето беше повеќе од магично и целосно неочекувано.

Се случи на Лефкада, во еден од најубавите ресторани со прекрасно зајдисонце.

Сè беше совршено организирано од страна на Мики и нашите кумови, Марија и Димитар.

Емоциите беа неизмерни – радост, возбуда, среќа и чувство кое не се опишува со зборови.

Тој ден ќе остане засекогаш во нашите срца како ден за паметење“.
Kликнете на видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
