Ивана Кнез, нерасположена, си направи празнични фотки со AI: „Збогум 2025-та, ми го искрши срцево неколкупати“

Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откако емотивно сподели каква тешка година има зад себе и кои лекции ги научила, од кои најважната е: „Ако не се сакам сама себе вистински, ќе ги уништам оние околу мене кои вистински ги сакам“. Се согласувате, зарем не?

ivana-knez-neraspolozhena-si-napravi-fotki-so-ai-zbogum-2025-ta-mi-go-iskrshi-srcevo-nekolkupati-01.jpg

Ивана Кнез е наша модна дизајнерка, но и жена со став... Секогаш искрено ги споделува своите мислења на многу теми, а и кога станува збор за менталното здравје и низа други значајни теми, говори јавно.

Па, така и сега искрено проговори колку ѝ била тешка 2025-та и дека била нерасположена за фотки на крајот од годината, па затоа си направила со помош на вештачката интелигенција (AI) и тоа со нејзиниот омилен лик Гринч.

ivana-knez-neraspolozhena-si-napravi-fotki-so-ai-zbogum-2025-ta-mi-go-iskrshi-srcevo-nekolkupati-05.jpg

Плус, искрено ги споделува работите што ги научила во 2025-тата.

Ивана Кнез вели:

„Добрата страна на вештачката интелигенција е што во моменти кога не ти е до социјални медиуми, на неа секогаш ѝ е.

Збогум 2025, ме научи дека ако не се сакам сама себе вистински, ќе ги уништам оние околу мене кои вистински ги сакам.

Ме научи дека ако немаш контрола над мозокот и свеста, немаш контрола над сопствениот живот.

И ме научи дека тоа што не можеш да го контролираш, баш тоа те контролира тебе.

Да можам да те преживеам одново, пак би те одбрала, иако ми го искрши срцево неколкупати.

Од тие кршења се составив појака и сега точно знам кој е мојот пат и како ќе останам цврсто на него.

Вас, прекрасници мои, со цело срце ви благодарам за вашата поддршка и присуство, единствена причина за која ги имам социјалните мрежи сте ми вие.

Пораките во инбокс, женската интуиција и женската енергија за мене беа светлата точка на оваа година. Сфатив дека не сум сама и дека не смее да се потцени присуството на секоја од вас во мојот виртуелен свет, сè има причина зошто е така.

Ве љубам бескрајно, ни посакувам здравје пред сè, свест, љубопитност, амбиција, волја и присутност во сегашноста на секоја една од нас. Љубовта ги следи овие работи сама! 

Ве љубам прекрасници и со мојот омилен лик Гринч ви посакувам Среќна нова 2026 година... Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“.

ivana-knez-neraspolozhena-si-napravi-fotki-so-ai-zbogum-2025-ta-mi-go-iskrshi-srcevo-nekolkupati-04.jpg

ivana-knez-neraspolozhena-si-napravi-fotki-so-ai-zbogum-2025-ta-mi-go-iskrshi-srcevo-nekolkupati-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава