Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“
Бев шокирана кога Дарио ме потчукна по рамото, ме тргна поблиску и ми рече дека ме сака и дека сака да го помине остатокот од животот со мене и искрено, не слушнав ништо повеќе.
Се изненадив кога клекна пред мене и го извади најубавиот прстен што сум го видела некогаш.
Не можев да кажам ни збор додека гледав во неговите очи, полни со исчекување. Можев само да климнам со главата и да му ја дадам раката.
Тој имаше голема помош околу организацијата, бидејќи сè ова го организираше додека бевме во Германија.
Неговите другари помагаа и организираа сè, додека тој не се врати и им се приклучи.
Нормално, знаеја и неколку од организаторите на овој настан, ‘Први на први’, кои исто имаа голем удел околу сè што се случуваше на врвот на Баба Планина.
Прстенот е точен и прекрасен.
Околу изборот, ги запамтил деталите кои претходно сум му ги спомнала, како би сакала да изгледа, а за сето тоа се консултирал со сестра ми, Габриела.
Ми раскажа дека во последно време имал трема и потешко заспивал бидејќи размислувал за тоа како ќе биде и што ќе биде.
Не толку за мојот одговор колку за сè околу тоа што спремал и организирал од далечина, со неговите другари, за сè да биде спремно.
Откако ме запроси, најпрво им се јавивме на моите родители, кои мислев дека се во Англија, но тој ги договорил како новогодишно изненадување за мене.
Тие прво беа изненадени од понудата за брак, за подоцна, на забавата, да ги видам пред мене и душата ми се наполни со љубов и топлина.
Потоа, само што слеговме од врвот, брзавме за дома за да ги известиме неговите родители, кои исто така беа многу изненадени и малку шокирани.
Искрено, не очекувавме толкава реакција од јавноста, иако знаевме дека овој настан е познат низ целиот Балкан, ако не и пошироко, но дека ќе даваме интервју на МРТ, нормално дека не.
Секако дека имаме планови за свадба, но нема да биде оваа година, туку лето 2027 година“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
