Ненад Ѓоргиевски од санкање во СПА, Атанас Атанасовски на скијање - Каде зимуваат познатите Македонци?
- Детали
- недела, 11 јануари 2026
Едни ја избраа Бугарија, а други се решија за Србија, па таму ги поминаа и празниците, распустот на децата или едноставно - заминаа за свој мерак и да се забавуваат на снегот.

Сезоната на скијање е во полн ек, особено во регионот - планините се побелени од снег, а ски-центрите се полни со домашни, но и гости од околните држави.
А бидејќи кај нас годинава сè уште нема многу снег, многу Македонци избраа дел од ски-центрите во наша близина, за да скијаат и уживаат со семејството или пријателите.
Едни ја избраа Бугарија, а други се решија за Србија, па таму ги поминаа и празниците, распустот на децата или едноставно - заминаа за свој мерак и да се забавуваат на снегот.
Меѓу оние кои отидоа на скијање во регионот се и неколку познати Македонци.
Па, така, водителот Ненад Ѓеоргиевски како зимска дестинација го избра Банско во Бугарија.
Тој објави фотки со сопругата и децата - малку на санкање, малку од СПА-центарот на хотелот во кој се сместени.

Пејачот Јоце Панов го избра Златибор како зимска дестинација.
Тој откри дека неговиот син Лука таму учи да скија, а потоа на Инстаграм Стори објави фотка како заедно со него оди и на базен.


Во Србија е и актерот Атанас Атанасовски со семејството, но тие се на Копаоник.
Фотографиите ги објави неговата сопруга Александра, која сподели дел од семејните моменти и покажа како се забавувале.

Погледнете повеќе фотографии:
Јоце Панов



