Атанас Атанасовски и сопругата уживаат на Копаоник – прегрнати на сноуборд, таа му прави фотки скришно
- Детали
- четврток, 26 март 2026
Сопругата на Атанас Атанасовски, Александра, позира во своите кул скијачки стајлинзи со плетенки и пунџи, а скришно го фотка сопругот додека јаде или одмара во бачило – парот ужива во последните снежни „спуштања“ сезонава, откако претходно беа на скијање и со децата.

Нашиот актер Атанас Атанасовски и неговата сопруга Александра - Бела, често уживаат во зимските спортови.
Зимава тие беа на зимување со децата на Копаоник, потоа со друштво уживаа на Сент Мориц, а сега парот повторно ги користи последните снежни денови на Копаоник за оваа сезона.

Атанас ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи и веројатно не е љубител на фотографирање, па сопругата му прави фотки додека тој јаде или одмара во бачило, „уловен“ во забавни пози.


На една фотка двајцата позираат на сноуборд прегрнати, а таа напиша: „Последниот танц“.

Парот се опушта со добра храна и топли пијалаци, а Александра не пропушта прилика да направи селфи од своите кул стајлинзи со пунџи или плетенки.


Повеќе фотки:







М. М. | Црнобело