Аделина со сопругот во Сент Мориц, Катарина со дечкото и другарката – Познатите Македонци на скијање во зима 2026 (фото)
- Детали
- сабота, 14 февруари 2026
Луксузниот ски-центар Сент Мориц го посетија повеќе Македонци годинава, како Катарина која беше со дечкото Стефан, другарката Бела и нејзиниот сопруг, актерот Атанас Атанасовски, а таму беше и Аделина со сопругот, која ги покажа скапите Gucci и Dior ски-аутфити, а пак, Сара Мејс, Теа Трајковска и Тамара го избраа Копаоник.

Познатите Македонци изминатиот период го користеа за зимски одмори, посебно оние кои се вљубеници во зимските спортови.
Деновиве Катарина Ивановска заедно со својот дечко и со другарката Александра, сопруга на Атанас Атанасовски, ужива на скијање, но и во забава во Сент Мориц, каде го поддржаа и Никифор додека пушташе музика таму.
На оваа монденска ски-дестинација неодамна беше и Аделина Тахири заедно со сопругот и ги покажа своите луксузни аутфити, како Gucci оделото и Dior очилата за скијање.
Нашите пејачки пак, Теа, Тамара, Сара Мејс и Викторија Лоба го одбраа Копаоник за своето зимување.
Погледнете каде беа на зимување познатите Македонци оваа зима 2026:
Катарина Ивановска со партнерот Стефан во Сент Мориц

Со Катарина во Сент Мориц е и другарката Александра со нејзиниот сопруг Атанас Атанасовски (откако претходно беа со децата на Копаоник)

Диџеј Никифор во Сент Мориц каде пушташе музика, а поддршка му беа пријателките Катарина и Бела

Аделина Тахири со сопругот во Сент Мориц, ги покажа Dior наочарите за скијање и Gucci оделото


Тамара Тодевска со децата на Копаоник
