Ќерката на Атанас Атанасовски славеше 4-ти роденден - Забава со огромен замок и индијански шатори
- Детали
- среда, 03 септември 2025
Oткако заврши вечерта и гостите си заминаа, сопругата на актерот, Александра, објави фотка од славеничката и нејзиното братче како „изморени“ лежат врз замокот.

Една, ќерката на актерот Атанас Атанасовски, наполни 4 години.
За роденденот нејзините родители ѝ направија голема забава на која дојдоа многу дечиња.

За нив, имаше огромен замок за скокање, индијански шатори, но и посебно катче за цртање, каде што децата се дружеа и забавуваа.
Атанас и неговата сопруга Александра, објавија неколку фотографии од забавата на Инстаграм Стори и споделија дел од атмосферата на забавата.
Меѓу гостите беа и Тамара Тодевска и Катарина Ивановска, кои се едни од најдобрите другарки на Александра.

А, откако заврши вечерта и гостите си заминаа, Александра објави фотка од славеничката Една и нејзиното братче, Павле, како „изморени“ лежат врз замокот.
„Да беше лесно да правиш журка, сите ќе се забавувавме“, напиша таа на фотката.

За потсетување, Павле на 1 септември стана прваче и тргна на училиште, а Атанас, Александра и Една го испратија до училишната клупа.

Погледнете повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело