Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња?
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои првпат седнуваат во учичишните клупи. Многу емоции, солзи радосници и кај родителите, кои на социјалните мрежи споделија фотки од првиот училишен ден.

Се сеќавате ли на песничката „Брзај, брзај прваче?“... Многу дечиња денеска тргнаа во прво одделение, а блиските ги испратија токму со овие зборови.
До училниците ги испратија нивните родители, па дури и бабите и дедовците. И за едните и за другите, ова е ден исполнет со емоции, насмевки и солзи радосници, пред почетокот на нешто ново и големо.
Новото поглавје во животот за овие деца носи нова возбуда - запознавање со наставниците, но и со нови деца со кои од денес, во следните години ќе ги делат истите училишни клупи.
Подеднакво се возбудени и родителите, кои ги однесоа своите првачиња на училиште, а споделија и фотографии на Инстаграм.
Меѓу оние кои годинава имаат првачиња се и неколку познати Македонци:
Катарина Ивановска ја однесе ќерката Кира на училиште, па на Инстаграм сподели фотографија со порака „Здраво школо“.

Миро Кацаров со сопругата Ивана ја одведоа на училиште малата Миа, ќерката на Ивана од првиот брак, а за која Миро постојано вели дека е како негово дете.

Јасен, синот на Тони Зен е прваче оваа година.

И актерот Атанас Атанасовски годинава има прваче, синот Павле, а фотките ги сподели неговата сопруга Александра.


На училиште тргна и синот на патувачкиот инфлуенсер Драган Тапшанов.

И пејачот Јоце Панов го одведе синот Лука во училиште, па објави фотка со него и со сопругата.
А. Ј. | Црнобело