Ивана Кнез револтирана од коментари за тетовирани жени: „Според просечниот македонски мажјак таа е глупача, неработник и ку*ва“

„Наместо тој мажјак да си поработи на сопствените тригери, трауми и неизлечени болести од детство, наместо да посети психолог, да се образува за да напредне во неговиот малечок живот, тој си дреме на апликации, си листа, си онанува на истите такви жени кои ги навредува во коментари и живее среќен и задоволен со мама и тато до крајот на животот убеден дека државата не чини, нема работа и сите жени се ку*ви пошто не ја прават сармата на мајка му“, пишува дизајнерката.

ivana-knez-revoltirana-od-komentari-za-tetovirani-zheni-spored-prosechniot-makedonski-mazhjak-taa-e-glupacha-nerabotnik-i-ku-va-01.jpg

Модната дизајнерка Ивана Кнез важи за жена која никогаш не се плаши да го каже на глас тоа што го мисли.

Таа честопати зборува на теми поврзани со животот, со нејзината борба со депресијата, килограмите, предизвиците низ кои поминала низ годините.

Овој пат, Ивана на Инстаграм објави своја постара топлес фотка, на која е свртена со грб и покажа дека целата е истетовирана. На ова ја поттикнаа навредливи коментари на социјалните мрежи, а насочени кон жените што се тетовираат и кои, според неа, најчесто ги оставаат мажи.

ivana-knez-revoltirana-od-komentari-za-tetovirani-zheni-spored-prosechniot-makedonski-mazhjak-taa-e-glupacha-nerabotnik-i-ku-va-02.jpg

Во објавата, Ивана пишува:

„Според просечниот македонски мажјак со просечно IQ од 81, жена што била тетовирана била глупача, неработник и се разбира ку*ва, бидејќи тоа е збор со кој просечниот мекедонски мажјак е задоен од раѓање.

И наместо тој мажјак да си поработи на сопствените тригери, трауми и неизлечени болести од детство, наместо да посети психолог, наместо да се образува со цел да напредне, нели, во неговиот малечок живот, тој си дреме на апликации, си листа, си онанува на истите такви жени кои ги навредува во коментари и живее среќен и задоволен со мама и тато до крајот на животот убеден дека државата не чини, нема работа и сите жени се ку*ви пошто не ја прават сармата на мајка му.

ivana-knez-revoltirana-od-komentari-za-tetovirani-zheni-spored-prosechniot-makedonski-mazhjak-taa-e-glupacha-nerabotnik-i-ku-va-03.jpg

До сите вас нискоинтелигентни амеби, кои вредноста на луѓето ја мерите во нешто што и сами не го разбирате, што навредата ви е начин на живот проследена со фрустрации, гнев и нереализираност, за кои секако не сте ни свесни, што би рекле браќата Амери bite my tattooed behind (гризнете ми го тетовираниот задник) и мојот и на секоја една тетовирана жена на светов.

П.С. Сликата е стара, не се соблакам веќе во јавност, ама не бегам од тоа што сум и од минатото кое не ми ја дефинира сегашноста. Избери ментално здравје, најди си живот надвор од интернет!“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава