Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“
- Детали
- среда, 14 јануари 2026
„Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша на Инстаграм сопругата на актерот, и покажа како Жарко игра фудбал на плажа со неколку дечиња.

Нашиот актер Жарко Димовски, кој подолг период успешно гради кариера во Белград, е на семејно патување на Малдиви.

Тој ужива во рајската дестинација со сопругата Андреа и синот Вито (2).

Иако актерот скоро и да не објавува ништо за патувањето, неговата сопруга преку Инстаграм Стори споделува интересни моменти.

Таа не го крие воодушевувањето од убавините на островот, од прекрасните плажи и зајдисонца, но и од тиркизната боја на водата.

Андреа откри и дека нејзиниот сопруг играл фудбал на плажа со неколку дечиња.
„Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша таа.

Не е првпат Жарко и Андреа да ги посетат Малдиви. Минатата година, токму во овој период беа на островот, а со нив беше и тогаш едногодишниот син.
„Топли поздрави и среќни празници од нашето семејство. Истото место. Истите датуми. Нова година: 2026“, напиша Андреа на новите фотки, на кои тие се модно усогласени во бело.
