Маја Кикириткова за патувањето на Бали со деца: „Миевме заби со флаширана вода, со такси се возевме за смешна цена“
Дали се пие водата и дали навистина многумина завршуваат со стомачни вируси?
Во групата кај нас ниту еден немаше никаков проблем, а бевме 14 луѓе.
Ние си пиевме пробиотици, не пиевме вода од чешма, дури и за заби миење користевме флаширана вода (во хотелите оставаат по неколку шишиња вода), а и во групата ни го кажаа ова кога стигнавме на Бали.

Кои документи се потребни?
Пред одење се аплицира за индонезиска виза, а 48 часа пред патување онлајн се регистрираме на една страна и таму се плаќа туристичка такса, која беше 9 евра за целиот престој.
Друго ништо не е потребно.

Каков е стандардот на Бали?
Просечна плата е од 150-300 долари. Реално евтино е таму.
Таксито е преевтино, па буквално цел ден можеш да се возиш со такси за смешна сума.
Храната исто е евтина, единствено што е скапо е алкохолот.
Во ресторан една порција болоњезе паста чини околу 3 евра, пилешко месо околу 5-6€, свинско околу 7-8€, лосос 7-8€, бифтек околу 10-12€.
Вода е околу 15 денари. Во McDonald's Big Mac е околу 4€.
Воопшто не е напорно, толку многу убаво е организирана турата, дури и децата во ниеден момент не се пожалија за ништо.
Посетувавме и знаменитости и плажа. Цело време имавме организиран превоз.
Два дена имавме слободни и на своја режија организиравме активности и тогаш се возевме со такси.

Колку чинеше лулашката и изнајмувањето на фустанот, а и фотосесиите покрај водопадите?
Фустанот со лулашката 35€, а ако сакаш и плус да ти пратат фотографии и едно видео, тоа чинеше 25€.
Постои опција и сам да се сликаш.
Кај водопадите не се плаќа, единствено ако сакаш да те слика локалец со твој телефон, тоа чини 2.5€ по човек.

Бали не е за плажа, така? Не треба да се очекува плажи како на Малдиви?
Не знам од кај податокот дека не е за плажа. Долги песочни плажи и кристална вода.
Зависи и на која плажа се оди. Има плажи со големи бранови, има и мирни плажи.
Да се разбереме, не се како на Малдиви, но 10 дена со деца на Малдиви нема да знаеме кај тераме.
Овде воопшто не е здодевно, има премногу активности и што да се види.
