Сопругот по вторпат ја запроси Антониа Гиговска (25), среде нејзината гламурозна роденденска прослава
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
Роберт Спасенцовски ја запроси Антониа во 2023-та година, кога го добија нивниот син Киан, но сега ѝ приреди изненадување и ја запроси одново во еден скопски локал со блескав прстен, многу срциња и балони додека таа го славеше 25-иот роденден.

Антониа Гиговска вчеравечер (21.01) го прослави својот 25-ти роденден во друштво на сопругот и нејзините сакани во еден скопски локал.

Дрес кодот беше сите да се облечат во бело. Антониа имаше тематска декорација за која беа задолжени Unique Crafts обоено во тегет со многу свеќи, цвеќе и балони, а во истата боја беше и тортата.



Пејачката за оваа пригода облече долг бел фустан со отсечоци, кој ја истакна нејзината фит линија.

Таа пееше и танцуваше цела ноќ, без да ја тргне насмевката од лицето. Во позадина одеа и дел од нејзините песни.

