Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
„Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрзнатото езеро во Сент Мориц. Тука се собира светскиот џет сет, бизнисмени, колекционери. Сите носат скапи бунди, луксузни чанти, се шетаат со своите кучиња...“, раскажа за гламурозното патување во Швајцарија Марјан Петров, за CRNOBELO.com.

Нашиот познат шминкер и фризер Марјан Петров, кој години наназад е меѓу омилените мејкап артисти на балканската естрада, вклучувајќи ја и Лепа Брена, е на луксузно зимување во монденскиот Сент Мориц во Швајцарија.
Марјан е таму неколку дена, а присуствуваше и на познатиот Snow Polo Cup, кој е традиција секој јануари.


Таму се сретна со познатата инфлуенсерка Тамара Калиниќ, за која вели дека ја запознал претходно во Париз.


Освен поло натпреварите, во швајцарскиот монденки ски-центар има и многу гламур, забави на отворено, a за CRNOBELO.com Марјан, вели дека е доживување кое би го повторил пак:
„Овде сум неколку дена и навистина и местото и настанот се прелуксузни, неописливо е.
Тука сум приватно, со моја другарка.


Журките се многу добри, особено оние на отворено.
Навечер паѓа снег и е како од соништата, а преку ден е сончево - и сетот тоа го прави целото доживување уште поубаво.


Тамара беше дојдена со нејзиниот сопруг Филипо Теста, кој е познат менаџер и моќна фигура во светската мода.
Не е првпат да ја среќавам, се запознавме во Париз на ревија и ме препозна, па се фотографиравме и разговаравме кратко.


