Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“

„Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го сфаќам како повик за присуство. Како момент кога зборовите не се доволни, но мора да се кажат... И не постои „правилен“ начин да се реагира“, вели Марјан Атанасов.

marjan-atanasov-nash-astrolog-mnogu-chesto-pochnav-da-se-soochuvam-so-klienti-koi-imaat-rak-01.jpg

Марјан Атанасов е наш астролог кој на својот Фејсбук профил откри дека сè почесто има клиенти со дијагноза рак и јавно проговори како се поставува во оваа ситуација и испрати моќна порака до сите како треба да се однесуваат кон заболените од оваа сериозна болест.

marjan-atanasov-nash-astrolog-mnogu-chesto-pochnav-da-se-soochuvam-so-klienti-koi-imaat-rak-05.jpg

Неговата објава, која се споделува вирално, гласи:

„Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак. Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза.

Го сфаќам како повик за присуство. Како момент кога зборовите не се доволни, но мора да се кажат.

И ако си ти тој што го живее ова, или ако си некој што стои покрај некој што го живее ова, сакам да ти кажам нешто важно. Само она што е вистинско. Ракот не е само болест.

Тој е прекин на познатото. Тој е влез во нова состојба на телото, умот и душата.

И не постои „правилен“ начин да се реагира. Но постои начин што не повредува. Начин што не обезвреднува и начин што не дистанцира.

Ако си близок на некој што се соочува со рак, не му кажувај никогаш „ќе помине“, „немој да се плашиш“, или „биди силен“. Тоа не е поддршка. Тоа е само страв од тагата. А тагата мора да има простор.

Понекогаш, најдоброто нешто што можеш да направиш е да седиш со него во тишина и да плачете заедно.

Во текот на хемотерапијата, телото е сосема исцрпено, а умот целосно замаглен.

Многу луѓе не знаат дека постои нешто што лекарите го нарекуваат хемомозок, тоа е состојба кога мислењето станува потешко, концентрацијата се губи, а одлуките изгледаат далечни и тешки.

Тоа не е мрзеливост, не е игнорирање, не е лична промена, тоа е дел од процесот.

Затоа, ако си роднина или близок на некој што минува низ ова не се навредувај ако не одговара веднаш, ако заборави нешто, ако е затворен или раздразлив. Не е против тебе. Тоа е борба што се случува одвнатре, секој ден и без пауза.

И не е негова вина.

Само биди таму, без никакви очекувања, со разбирање и нормално со љубов.

Ако си ти тој што се бори, не мораш да бидеш храбар на начин што изгледа добро однадвор. Храброста понекогаш значи да признаеш дека си исплашен, дека си уморен и дека не знаеш како понатаму. И тоа е во ред.

Не си слаб и не си виновен. Не си жртва. Ти си човек што сега поминува низ нешто огромно во животот. И тоа заслужува почит.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме с... „Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: Тате мој правеше вака... Тате мој ме...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“ „Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрз...
Наш фитнес тренер нападнат во возило откако сакал да спаси жена: „Маж маваше со боксови по прозор, м... „Маж излезе од кола да нападне жена, таа во паника ја заклучи колата, а тој со б...
Антониа Гиговска и Марјан Петров на концерт на Лејди Гага во Милано: „Картите ги плативме 1.000€, на... „Беше многу блиску, се симна долу, но буквално за некои тројца-четворица луѓе не...

Најчитани неделава