Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“

Не барај вина кај никој особено не од животот, и не барај објаснување, најверојатно нема да го добиеш. Не си виновен што си се разболел. Не е никој виновен.
И не дозволувај другите да те караат или да ти кажуваат дека ти си го „привлекол“ тоа. Па, тоа не е љубов! Тоа е само од незнаење!
Често блиските на таков човек му велат, (а кога ти викав да не се нервираш толку, да не пушиш и пиеш толку, ти не ме слушаше). Да, сето ова може да влијае.
Но да ти кажам нешто што го гледам секој ден, имам многу клиенти кои никогаш не пушеле, ниту пијат и немаат никаква историја во семејството од таква болест, а сепак се разболеле.
Воделе здрав живот и повторно се разболеле. А што правиме со децата кои се разболуваат?! Нема логика нели? И што сега? Да ги обвинуваме?!
Не. Да ги поддржиме? Да! Овие приказни за „сам си си виновен“ се за мали деца.
Животот не е толку едноставен. И телото не работи по формула.
Затоа, ако си ти тој што се бори не дозволувај никој да ти ја одземе достоинственоста.
Ако некој сака да ти помага, нормално дозволи му. Но кажи му што ти треба. Ти си сè уште ти. Со твоите мисли со твоите избори и со твојата сила.
Ако си оној што помага, тогаш не заборавај на себе. Спиј, јади, диши. Не можеш да бидеш поддршка ако си празен.
Грижата за другите почнува со грижа за себе. Ако чувствуваш дека не можеш да се справиш тогаш побарај помош.
Онкопсихолог, духовен водич, пријател, не е важно кој, важно е да не си сам.
И запомни дека не мораш да бидеш совршен. Само мораш да бидеш присутен. Да бидеш пред сè човек и да бидеш таму“.
С. С. | Црнобело
