Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, гласови, ситници“

„Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Селењето во друга држава не е само промена на адреса. Тоа е носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти“, вели психологот Бојана Стојменовиќ и ги посочува 10-те најголеми маки на нашите иселеници.

makedonski-psiholog-za-makite-na-klientite-koi-se-otselile-od-makedonija-im-nedostigaat-lugje-glasovi-sitnici-001.jpg

Бојана Стојменовиќ вели дека да се биде психолог не значи само професионална определба, туку и животна определба и начин на живот.

Карактеристично за неа е тоа што нема едно животно мото, туку си дава слобода да наоѓа постојано нови инспирации коишто ќе ја носат кон нови насоки давајќи ѝ можност да се спознае себеси и тоа им го препорачува и на своите клиенти.

makedonski-psiholog-za-klientite-koi-ne-zhiveat-vo-makedonija-03.jpg

Таа е основач на проектот „Мој психолог“ кој постои од 2017 година, а веднаш ги освои симпатиите на јавноста.

Сега, отворено проговори за нејзините клиенти кои се отселиле од Македонија во еден миг од животот и со какви проблеми тие се соочуваат.

makedonski-psiholog-za-klientite-koi-ne-zhiveat-vo-makedonija-02.jpg

Нејзината објава гласи:

„Овој пост е инспириран од моите клиенти кои не живеат во Македонија.

Селењето во друга држава не е само промена на адреса.
Тоа е збогум што трае подолго отколку што очекуваше и мислеше.
Носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти.
Радост што постои паралелно со тагата.

Недостигаат луѓе, гласови, обични денови.
Недостига верзијата од тебе што остана дома.
А сепак, учиш да живееш, да растеш, да бидеш благодарен/на за новите можности.

Некогаш си помеѓу два света —
и учиш дека и тоа е еден вид дом“.

makedonski-psiholog-za-klientite-koi-ne-zhiveat-vo-makedonija-07.jpg

А во коментари една нејзина следбеничка ја надополнува:

„Уште нешто многу важно: новиот дом нема долго да ти е удобен како стариот, а стариот дом брзо ќе исчезне.

Еден период ќе се чувствуваш дека никое место не ти е дом... дека никаде не припаѓаш...“

makedonski-psiholog-za-klientite-koi-ne-zhiveat-vo-makedonija-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Македонски психолог со апел: „За грип одиш на матичен доктор, за расипан заб на стоматолог, a на пси... „Не ти треба психолог. Така си велиш веќе со години. Ама ти треба сон без мисли ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Лила Филиповска роденденски со мајка си (81), Пајак скокаше по крстот: Што прават македонските ѕвезд... Лила Филиповска позира со мајка си и емотивно вели: „Таа е од оние мајки кога ќе...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg