Македонски психолог со апел: „За грип одиш на матичен доктор, за расипан заб на стоматолог, a на психолог кога?“

„Не ти треба психолог. Така си велиш веќе со години. Ама ти треба сон без мисли што не запираат. Ти треба да не се чувствуваш вознемирено и кога сè е „во ред“...“, вели психологот Зоран Костов и испраќа моќна порака.

makedonski-psiholog-so-apel-za-grip-odish-na-doktor-za-rasipan-zab-na-stomatolog-a-na-psiholog-koga-01.jpg

Нашиот психолог Зоран Костов испраќа моќна порака на неговиот Инстаграм профил „Психологот“.

Тој вели дека кога имаме каков било друг проблем се обраќаме кај експерти од областа, но зошто тоа не е така и кога имаме проблеми со менталното здравје?

Неговата објава, за која сними и забавно видео:

Не ти треба психолог.
Така си велиш веќе со години.

Ама ти треба сон без мисли што не запираат.
Ти треба мир во врската.
Ти треба да не реагираш бурно на ситници.
Ти треба да не се чувствуваш вознемирено и кога сè е „во ред“.

Луѓето не избегнуваат психолог затоа што не им треба помош.

Туку затоа што:
- Се плашат што ќе откријат за себе.
- Се надеваат дека „ќе помине само од себе“.
- Пробуваат книги, видеа, цитати, алтернативи…
- Не сакаат да признаат дека ги боли.
- Мислат дека барањето помош е слабост.

Но вистината е поинаква.
Запамeти! Она што го игнорираш – управува со тебе.

Психотерапијата не е последна опција.
Таа е најкраткиот пат до јасност и стабилност.

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Фросина Фро објави каков поглед имал домот на Владо Јаневски: „Ти беше посебен, велеше дека ретките ... „Гевгелија и поглед од твојот дом... Знаевме и двајцата дека нашето пријателство...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...

Најчитани неделава