Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, гласови, ситници“
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
„Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Селењето во друга држава не е само промена на адреса. Тоа е носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти“, вели психологот Бојана Стојменовиќ и ги посочува 10-те најголеми маки на нашите иселеници.

Бојана Стојменовиќ вели дека да се биде психолог не значи само професионална определба, туку и животна определба и начин на живот.
Карактеристично за неа е тоа што нема едно животно мото, туку си дава слобода да наоѓа постојано нови инспирации коишто ќе ја носат кон нови насоки давајќи ѝ можност да се спознае себеси и тоа им го препорачува и на своите клиенти.

Таа е основач на проектот „Мој психолог“ кој постои од 2017 година, а веднаш ги освои симпатиите на јавноста.
Сега, отворено проговори за нејзините клиенти кои се отселиле од Македонија во еден миг од животот и со какви проблеми тие се соочуваат.

Нејзината објава гласи:
„Овој пост е инспириран од моите клиенти кои не живеат во Македонија.
Селењето во друга држава не е само промена на адреса.
Тоа е збогум што трае подолго отколку што очекуваше и мислеше.
Носталгија што се појавува во најнеочекувани секојдневни моменти.
Радост што постои паралелно со тагата.
Недостигаат луѓе, гласови, обични денови.
Недостига верзијата од тебе што остана дома.
А сепак, учиш да живееш, да растеш, да бидеш благодарен/на за новите можности.
Некогаш си помеѓу два света —
и учиш дека и тоа е еден вид дом“.

А во коментари една нејзина следбеничка ја надополнува:
„Уште нешто многу важно: новиот дом нема долго да ти е удобен како стариот, а стариот дом брзо ќе исчезне.
Еден период ќе се чувствуваш дека никое место не ти е дом... дека никаде не припаѓаш...“

