7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жичница на Водно на чист воздух, игра на отворено и топол чај, резервирајте термин на лизгалиште и забавувајте се цело семејство - идеи што да правите зимава со децата, наместо да седите затворени дома или во кафулиња и игротеки.
фото: CRNOBELO.com (приватна архива)
Во ладните зимски денови, не се ограничувајте времето со децата да го поминувате само во затворен простор, напротив, пожелно е да бидат на воздух и да се рекреираат.
Доколку немате идеја како да ги поминувате викендите, во продолжение ви даваме неколку предлози каде да одите на чист воздух, или пак да се рекреирате и забавувате.
Кога станува збор за природа, изборот е голем, но издвојуваме неколку места кои се лесно достапни и каде може да ви се допадне, а воедно може да се стоплите и со чај и други напитоци.
Секако дека ги знаете сите места и активности, но секогаш е добро да се потсетите и да се инспирирате што да правите викендов:
Качете се со жичница до врвот на Водно и уживајте во свеж воздух, топол чај, игра на детски игралишта и истражување

Одете на Козјак и забавувајте се во спортско-рекреативниот центар на отворено, па одморете со топол напиток

Резервирајте си термин за на лизгалиште, не мора само децата, може цело семејство да се забавува

