Ивана Кнез со исповед: „Како добив исушени тенки црева, клеточна дехидратација и нарушен метаболизам?“
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
„Минатата година, заслепена од идејата дека не јадам бел шеќер и брашно бело (и нема да ги јадам), а доволно стрвна и зависна од благо, направив лоши потези. Исто така, наместо мед бидејќи демек многу калории има, јас се 'спржив' со вештачки додатоци“, вели модната дизајнерка Ивана Кнез.

Модната дизајнерка Ивана Кнез честопати зборува на теми поврзани со животот, со нејзината борба со депресијата, килограмите, предизвиците низ кои поминала низ годините.
Сега, таа проговори за фаталната грешка во исхрана што ја направила и како тоа ја чинело здравје.

Нејзината исповед:
„Долг пост, од жена за жени. Постот ќе се вика не биди Ивана.
Минатата година, заслепена од идејата дека не јадам бел шеќер и брашно бело (и нема да ги јадам), а доволно стрвна и зависна од благо, скоро цела година сè што јадев беше поврзано со стевиа, а додуша и со нишесте и сите врсти на прашкасти суплементи.

Како резултат добив исушени тенки црева, комплетна клеточна дехидратација и пореметен метаболизам.
Супер е кога одиме со приказната пазам што јадам, арно ама сè што лета не се јаде.

Наместо мед пошто нели како демек многу калории има, јас се спржив со вештачки додатоци за кои никој скоро не зборува колку се погубни по човечкиот организам.

И како што знаете учам само од мои грешки нели, па така оваа година ќе ја посветам на нега, природна и вистинска храна за да закрепнам, со состојки со познато потекло и ништо ама апсолутно ништо вештачко.