Киднапиран Даниел Кајмакоски, најден врзан во автомобил - Барале 20.000€, објавена и снимка од возилото
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
Вчеравечер во Белград се одвивала вистинска драма, во која е вклучен нашиот пејач Даниел Кајмакоски - тој бил киднапиран, држен врзан во автомобил, а српските медиуми објавија и снимки од возилото со кое киднаперите бегале.

Даниел Кајмакоски (43), кој победи на регионалното натпреварување X Factor, ноќеска бил киднапиран, откако имал настап во кабарето „Лафајет“ во Белград.
Тој, според информациите од српските медиуми, бил пресретнат во близина на „Бетон Хала“ и насилно натеран да влезе во својот автомобил под закана со оружје од двајца непознати мажи.

Напаѓачите го врзале пејачот и почнале да го возат, барајќи откуп од 20.000 евра.
Полицијата се обидела да го застане возилото од марката Волво во рутинска контрола, но возачот почнал да бега.

По ова, полицијата почнала потера по нив, а автомобилот на крајот удрил во банкина на автопатот кај Рума.
Киднаперите го напуштиле возилото и успеале да побегнат во околната шума.
Кајмакоски на настап пред киднапирањето
Во возилото Кајмакоски бил пронајден врзан и во состојба на шок, но без повреди.
На интернет се споделува и видео од возилото во кое бил киднапиран Кајмакоски.

Кликнете за да го погледнете:
А. Ј. | Црнобело
