Први кадри од Даниел Кајмакоски по немилиот настан, додека се трага по киднаперите со турско потекло - се огласи и мајка му

Да потсетиме, Даниел беше пронајден врзан на задното седиште од автомобилот, додека киднаперите побегнале во правец на шумата откако удриле во банкина.

Адвокатот Бранислав Станишиќ, проговори за српските медиуми како Даниел се справува со ситуацијата:
„Истрагата е во тек и таа ќе потрае. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што е најважно за семејството и за него во моментов. Оваа ситуација остави, така да се каже, шок-последици, но фала му на Бога ги надминува.
Ако ме прашате за самиот случај, не би можеле да изнесеме премногу информации додека барем осомничените за извршување на ова гнасно кривично дело не бидат приведени пред правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште трае.
Во договор со полицијата не можеме повеќе детали да изнесеме во овој момент. Ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото кај Рума, кога велам место мислам на локацијата каде што автомобилот застанал по ударот во банкина. Од тој момент тие ја напуштиле локацијата и по нив сè уште се трага.
Сега потрагата се насочува кон лицата кои најверојатно се од турско потекло. Тоа засега е достапната информација.
Најверојатно не се државјани на Република Србија. Зборувале на турски јазик или на некој сличен на него, а нивниот изглед упатувал на тоа дека се од некоја таква земја.
Засега не знаеме дали се мигранти или во какво својство престојувале кај нас.
Со Даниел сум во постојан контакт, реагираме по потреба за потребите на полицијата и во врска со слични работи“.
Родителите на Даниел, кои му се огромна поддршка:


Прочитајте и „Даниел храбро се соочил со киднаперите, поминал неколку часа во станица“ - Миланка Рашиќ по разговорот со Кајмакоски
С. С. | Црнобело