„Даниел храбро се соочил со киднаперите, поминал неколку часа во станица“ - Миланка Рашиќ по разговорот со Кајмакоски

Миланка Рашиќ, долгогодишна блиска пријателка на Даниел Кајмакоски, откри дека се слушнала со пејачот и ги потврди сите пишувања за киднапирањето.

daniel-hrabro-se-soochil-so-kidnaperite-pominal-nekolku-chasa-vo-stanica-milanka-rashikj-po-razgovorot-so-kajmakoski-01.jpg

Новинарката Миланка Рашиќ, која е ПР, но и долгогодишна блиска пријателка на Даниел Кајмакоски, на Фејсбук објави информација со која ги потврди сите пишувања на српските медиуми дека тој бил киднапиран ноќеска.

Таа напиша дека се слушнала со пејачот, дека тој е добар, и дека во моментов му треба мир, па им се заблагодари на сите што се грижат за него.

daniel-hrabro-se-soochil-so-kidnaperite-pominal-nekolku-chasa-vo-stanica-milanka-rashikj-po-razgovorot-so-kajmakoski-02.jpg

Во објавата, која е споделена и на Фејсбук страницата на Даниел, пишува:

„Драги пријатели,

веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна.

Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.

Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра.

Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.

Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.

daniel-hrabro-se-soochil-so-kidnaperite-pominal-nekolku-chasa-vo-stanica-milanka-rashikj-po-razgovorot-so-kajmakoski-03.jpg

Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите.

Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.

Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него.

Миланка Рашиќ, ПР“

Прочитајте и Киднапиран Даниел Кајмакоски, најден врзан во автомобил - Барале 20.000€, објавена и снимка од возилото

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Даниел со „тепих од рози“ ја запроси Ирена на совршено место на италијанските Алпи (фото+видео) „Со мојата сакана Ирена се запознавме во Кочани и веќе сме з...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Даниел Кајмакоски го покажа домот, Атанас Атанасовски со сопругата во Берлин: Што прават македонскит... Антониа Гиговска позира по транспарентен градник од тантела на улица во Струмица...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава