Миро Кацаров не слави Валентајн, Ивона Јо добила мистериозна љубовна порака - Што им значи 14 февруари на познатите?

„Уф, од романтични моменти за Валентајн, само Св. Трифун го паметам, ха, ха“, вели Сара Мејс и ни откри кој е нејзиниот омилен начин да го помине денот на виното и љубовта, 14 февруари.

miro-kacarov-ne-slavi-valentajn-ivona-jo-dobila-misteriozna-ljubovna-poraka-shto-im-znachi-14-fevruari-na-poznatite-01.jpg

За некого 14 февруари е асоцијација на љубов, за други денот е синоним за добро вино.

CRNOBELO.com направи анкета со неколку јавни личности од Македонија, а за да ги одбележиме и Св. Трифун и Валентајн, ги прашавме дали во минатото го славеле празникот на љубовта, преферираат бело или црвено вино и која, според нив е добитната комбинација за да се прослави овој ден.

Едни ни признаа дека никогаш не славеле Валентајн, а скоро за сите денот е повеќе асоцијација за вино  отколку за љубов.

Прочитајте што ни кажаа Сара Мејс, Александар Белов, Ивона Јо, Миро Кацаров, Калтрина Круезиу, Златко Јовановски и Теа Трајковска:

Сара Мејс

Уф, од романтични моменти за Валентајн, само Св. Трифун го паметам, ха, ха.

Вина обожавам, а ги претпочитам во зависност од храната со која ги консумирам.

Со бели суви вина обожавам сирења, пармезан, бри, може и суви плодови како брусница, слива и слично.

Просеко исто обожавам, во слични комбинации. Поблагите вина во последно време ги избегнувам, изгледа ги заситив, порано ги пиев почесто…

Зимно време сакам да се напијам црвено вино, особено ако на трпезата има потешки меса.

А мојата добитна комбинација за да си поминам убаво на 14 февруари е добро друштво, добро вино и добра храна.

miro-kacarov-ne-slavi-valentajn-ivona-jo-dobila-misteriozna-ljubovna-poraka-shto-im-znachi-14-fevruari-na-poznatite-05.jpg

Александар Белов

Во минатото сум го славел Валентајн и секогаш ми било убаво кога денот ќе помине со искрени емоции.

Еден момент што ќе го паметам засекогаш, а поврзан со овој ден, беше кога добив подарок, но најубавиот дел не беше самиот подарок, туку писмото што го добив заедно со него.

Тоа беше рачно напишано писмо, полно со искрени зборови и чувства. Подарокот беше убав, но писмото беше нешто што остана во срцето. И денес го чувам, затоа што ме потсетува на емоцијата и на тој посебен момент.

Најмногу сакам бело вино, особено со ароматичен вкус сличен на тамјаника. Ми се допаѓа затоа што е свежо, лесно и има пријатна миризлива нота.

Најубаво ми оди во комбинација со некоја вкусна тестенина или пица, бидејќи тие вкусови одлично се надополнуваат и прават совршен спој.

Мојата добитна комбинација за убаво да си поминам на Валентајн и Трифун е едноставна -најважно ми е да сум со саканата личност.

Без разлика каде ќе се договориме, дали ќе биде вечера за двајца, кино или само една убава прошетка, најбитно е моментот да биде пријатен за двајцата и да уживаме заедно.

miro-kacarov-ne-slavi-valentajn-ivona-jo-dobila-misteriozna-ljubovna-poraka-shto-im-znachi-14-fevruari-na-poznatite-06.jpg

Ивона Јо

Никогаш во живот немам славено Велентајн, дури ни кога сум била во романтична врска.

Паметам единствено дека во основно, списанието ‘Наш Свет’ ни подаруваше картички за заљубените и некој имаше оставено таква картичка на мојата училишна клупа. Сè уште ми е мистерија кој беше.

Од годинава сум заљубена во црвено вино. Претходно воопшто не сакав да го пијам. Но љубител сум и на бело вино, целосно. Сакам благи слатки вина.

Храната која е моја комбинација за вино е салата со сиренце.

Не гледам можеби романтично на тој ден… јас сакам да градам живот каде што секој ден може да е Валентајн. Рендом ден на заљубеност е мојот избор.

miro-kacarov-ne-slavi-valentajn-ivona-jo-dobila-misteriozna-ljubovna-poraka-shto-im-znachi-14-fevruari-na-poznatite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Не беше лесно, но вреди“ - Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопру... „Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“, напишаа Ивана и ...

Најчитани неделава