Миро Кацаров не слави Валентајн, Ивона Јо добила мистериозна љубовна порака - Што им значи 14 февруари на познатите?
Златко Јовановски
За жал, немам ниту еден Валентајн славено. Жално, но вистинито. Повеќе ми е криво што поклон немам добиено ха, ха ама ‘шта је - ту је’.
Во однос на виното, на лето сакам да пијам бело пенливо вино односно Просеко. А во зима уживам кога пијам црно вино, благо. Домашно производство на татко ми.
Инаку, супер е ако ги искомбинираш и двете. Ја би рекол да си заљубен во себе, а чаша добро вино да те расположи и да уживаш во се*с.

Калтрина Круиезиу
Јас сум човек што секогаш гледа кон иднината и мислам дека најубавите моменти во животот допрва следуваат. Имало убави моменти во минатото, но јас сум фокусирана и многу возбудена за тоа што тек доаѓа.
Сакам и бело и црвено вино, зависи од расположението и видот на храна. Белото вино го сакам кога е свежо и суво како Sauvignon Blanc, Pinot Grigio, но понекогаш пијам и Chardonnay барикирано.
Кога се работи за црвено вино, сакам да е јако и богато како Cabernet Sauvignon или Syrah, но исто и Merlot ми е омилено, битно да е суво црвено вино.
Белото вино повеќе ми одговара со морска храна, додека црвеното иде во комбинација со месо или разни вида сирење.
Убаво е кога има што да се слави, но најбитно е со кого. Во принцип Св. Трифун го поминувам преку ден со блиски пријатели и друштво, а Валентајн е наменет за драгата личност, и секако, навечер.

Миро Кацаров
Да бидам искрен, мислам дека како дете, како средношколец, тогаш нешто се занесувавме со Валентај, и тогаш некако немаше социјални мрежи, па се честитеше Валентајн на еден поинаков начин, дали било со подарок, дали било со мече, не паметам дали имало вечера, ние бевме тогаш средношколци.
Но, не го славам 14 февруари како ден на љубовта, тука на виното, затоа што на тој ден татко ми слави именден и ни е слава дома, Свети Трифун.
Па на тој ден собираме пријатели дома, пиеме убаво вино, убава домашна македонска ракија, имаме традиционална вечера, и тоа трае со години наназад. Едноставно, тоа ми е убавината на денот на вљубените, а бидејќи јас сега моментално сум вљубен, Валентен на мене ми е секој ден.
Дефинитивно омилено ми е црвеното вино. Сакам убави пијалаци, сакам убави, квалитетни вина. Го сакам оној вкус, каде што виното не е „воденесто“, туку е малку потешко.
Сакам вино што има малку поблаг наместо кисел вкус. И најчесто тоа го практикувам со убав кашкавал, пармезан, нешто такво, и со некоја вкусна храна кога ми доаѓаат пријателите на гости.
А која е мојата добитна комбинација за да си поминам убаво на 14 февруари? Па бидејќи Валентајн не славам , добитна комбинација за Св. Трифун е тоа уште многу години да го славиме со татко ми неговото име.

Теа Трајковска
Во минатото сум го славела Валентајн, но повеќе како момент за внимание и емоција, отколку како формалност. Најмногу ме допреле персонализирани и лични подароци, нешта што не можеш да ги купиш готови, затоа што таму се чувствува труд, мисла и вистинска емоција.
Најубавите спомени ми се поврзани со мали гестови, писма, пораки, или изненадувања што покажуваат дека некој навистина ме слушал и ме познавал.
Повеќе ги паметам тие моменти и чувството, отколку самиот подарок, бидејќи за мене тоа е суштината на овој датум кој треба симболично да се обележи.
Повеќе сакам бело вино, затоа што ми е полесно и ми одговара на мојот вкус. Најубаво ми оди во комбинација со добра паста, морска храна, а идеален спој ми е и со јапонска кујна или суши.
Моја добитна комбинација за 14 февруари е добра храна, чаша бело вино, убава музика и луѓе со кои можам да бидам опуштена и своја.
Без притисок и глума, само уживање, смеа и малку романтика, било со партнер, блиски пријатели или семејство. За мене тоа е вистинското славење, кога е со луѓето кои ги сакам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело