Се сврши Веган Вики, инфлуенсерката за храна и сестра на Јелена Спенџарска - со саканиот се вљубеници во кампување и природа
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
Од кампување со шатор до готвење на оган и берење на шумски плодови, Вики откри дека се радува на животот исполнет со вакви авантури во природа со саканиот. Таа го покажа прстенот, покрај роденденска торта.

Викторија Спенџарска од Берово, позната како Веган Вики на Инстаграм, е сестра на Јелена Спенџарска и мајка на две ќерки, Љубљана и Емона.
Вљубеничката во здрава храна сега на Инстаграм откри дека ја пронашла вистинската љубов и дека нејзиниот сакан, кој на Инстаграм е потпишан како Џек Вајлдер, ја запросил.

Инаку, Џек Вајлдер (Jack Wilder) е лик од „Now You See Me“, игран од актерот Дејв Франко.

„Благословена сум што можам да споделам со тебе цел живот исполнет со вакви авантури“, напиша Вики во описот на фотографиите каде го покажува свршеничкиот прстен, сликан покрај роденденска торта.
Потоа, таа сподели и низа фотки од заедничките авантури со Џек - од кампување со шатор до готвење на оган во природа и берење на шумски плодови.










С. С. | Црнобело