Инфлуенсерката Сандра Кирков храни елени на остров среде Јадранот: „Шетаат слободно, ве пречекуваат на плажа“
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025
„Нека ме штипне некој дека стварно го гледам ова со мои очи. И тоа на островче во сред море каде што елените слободно си шетаат и се главни миленици и на локалците и на туристите“, вели воодушевено нашата инфлуенсерка, која летува во Хрватска.

Нашата инфлуенсерка Сандра Кирков е на летување на Јадранско Море. Таа помина неколку дена во Црна Гора, а потоа замина во Хрватска.
Сандра скоро секој ден е на различна локација вдолж јадранскиот брег и ужива во прекрасните хрватски плажи.
Но, едно место ѝ остави посебен впечаток - островчето Бадија, кое се наоѓа во близина на Корчула, а каде посетителите ги дочекуваат несекојдневни домаќини - питоми срни и елени, кои живеат тука со децении, а притоа се питоми и дозволуваат да ги храните.

Сандра не го криеше своето воодушевување, па вели „Нека ме штипне некој дека стварно го гледам ова со мои очи“.
Таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографии и видеа, а преку нив ја раскажа приказната за овие прекрасни животни на Бадија:
„Дали знаете дека на само 15 минути од Корчула постои мало островче каде што ве дочекуваат елени?
Ова е Бадија. Покрај прекрасната природа и пејзажи, тука можете да храните Бамби со јаболка и морковчиња.
Какво доживување е да храниш елени на островче во сред Јадранско Море.

Не знам многу острови на светов што пружаат пречек како екипава тука.
Воедно Бадија е најголемиот од 19-те островчиња околу Корчула, а најлесно се стига до него со такси брод и тоа за околу 15-ина минути.
Обавезно ставете го на листа, ќе поминете ден што апсолутно никогаш нема да го заборавите!

Нека ме штипне некој дека стварно го гледав ова со мои очи.
И тоа на островче во сред море каде што слободно си шетаат и се главни миленици и на локалците и на туристите.

Наводно, два пара се донесени од Бриони во 1958 година и оттогаш си живеат мирно и секој ден си чекаат нов брод што ќе донесе уште едно морковче.
Локалците од Корчула редовно ги пазат и ги хранат, питоми се, се спуштаат и до плажа.
Стварно е една преубава несекојдневна глетка“, вели таа.

Кликнете за да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело
