Една од најзгодните наставнички во Македонија прослави роденден - во еден локал, па во училница: „44 и спремна за писта“
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Ноќта Маја Г. роденденски славеше во црн светкав фустан со висок шлиц и ја истакна својата фит линија, а денски позираше во училница со црвено сако и коса во високо опавче. Многумина ја нарекуваат македонската Парис Хилтон...

Маја Глигоровска (44) е поранешна мисица и манекенка, која 17 години работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
Таа е дипломиран педагог и магистер за односи со јавност на факултетот „Јустинијан Први“ и жена која цело време се надоградува и вложува во себе и својата кариера.

Маја е и мaјка на полнолетниот син Константино.
Таа е посветена на нега на себе, а тоа се гледа и по нејзиниот фит изглед.

Маја го прослави својот роденден во скопски локал со тематска забава, обоена во црно, и со торта со напис „44 and still runway ready“, oдносно дека сè уште е спремна за писта и на оваа возраст, исто како и некогаш.

Во описот на фотките на Инстаграм таа напиша:
„Нова година од мојот живот, истата силна јас. Ви благодарам од срце за сите честитки, пораки и внимание – чувството кога си сакан е најголемиот подарок“.
Таа на Инстаграм Стори откри дека огромно задоволство ѝ претставува и изненадувањето од нејзините ученици, кои на работното место ја пречекале со букет цвеќе и балони.
Маја, во црвено сако и со коса прибрана во високо опавче, позираше во училницата.


