Една од најзгодните Македонки ја освојува Америка - сексапилна на плажа во Мајами, „вреска“ од среќа во Дизниленд
- Детали
- петок, 29 мај 2026
Додека беше во Лос Анџелес, Наташа Фигурела направи провокативна фотосесија со нашиот фотограф Стефан Соколовски (BadStef), а при посетата на Дизниленд, си стави венче со машна во стилот на Мини Маус и напиша дека „девојчето во неа вреска од среќа“.

Наташа Петровска, која важи за една од најзгодните Македонки, веќе неколку недели е во САД, на релација Калифорнија-Флорида.
Сопственичката на студиото за убавина „Фигурела“, не крие колку ужива и се забавува во Америка, па често споделува фотографии на социјалните мрежи од местата што ги посетува, но и од својот избор на аутфити.

Што и да облече, Наташа наоѓа начин да го истакне своето извајано тело и долгите нозе.
Наташа, која дојде во Америка на почетокот на мај, во моментов е во Мајами, но веќе беше на неколку дена и во Калифорнија.

А таму, додека се забавуваше во Лос Анџелес, направи провокативна фотосесија со нашиот фотограф Стефан Соколовски (BadStef), кој е нејзин голем пријател.
Таа доби и бројни комплименти дека е едноставно - совршена.

Во меѓувреме уживаше на плажа во Мајами, каде што позираше во стилот на актерките од Baywatch (Чувари на плажата), а го посети и Дизниленд на Флорида.
„Девојчето во мене вреска од среќа“, напиша таа.
Погледнете повеќе фотографии:


