Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
„Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на тренинг, бидејќи навистина многу го сакам каратето“, вели младата Исидора Алексовска за CRNOBELO.com.

Исидора Алексова (10) од Скопје е ученичка во ООУ „Владо Тасевски“, но и млада успешна каратистка.
Иако тренира само неколку години, сон ѝ е да настапи на Државното првенство кај нас, а потоа и на Балканското.
Во домашната витрина на Исидора веќе има многу медали и трофеи, но тоа е само почеток.
За својата љубов кон овој спорт, таа раскажа за CRNOBELO.com:
„Љубовта кон каратето се појави сосема случајно. Сакав да почнам да спортувам нешто, но не знаев точно што.
Отидов на неколку пробни тренинзи по карате и веднаш ми се допадна, па решив да продолжам.
Со карате почнав да тренирам на пет и пол години, а тренирам во карате клуб „Професионал“.
Во нашето семејство има љубов кон спортот. Имам чичко во Австралија кој бил каратист и тренер по карате.
Исто така имам и братучед во Данска кој тренира фудбал и братучед што тренираше кошарка.
Веројатно од таму доаѓа и мојата желба да се занимавам со спорт.
Јас избрав карате и многу ми се допаѓа.
