Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали
Тренирам три пати неделно со мојот тренер Билјана Петроњев.
До сега не ми се случило да не сакам да одам на тренинг, бидејќи навистина многу го сакам каратето.
Активно се натпреварувам од седумгодишна возраст.
На првиот натпревар не освоив награда, но на следниот веќе освоив второ место.
Оттогаш учествував на многу турнири, и во Македонија и во Србија.
Мојот најголем успех досега е на хуманитарниот турнир „63 Ангели“ во Кочани, каде што освоив два златни медали во две категории.
Втор најголем успех ми е на „Арена Куп“ во Белград, каде што освоив второ место, а имаше многу силна конкуренција.
Сега веќе сум доволно голема за да учествувам на државно првенство и би сакала да се натпреварувам таму.
Потоа би сакала да учествувам и на Балканско првенство. После тоа ќе продолжам да тренирам и ќе видиме до каде ќе стигнам“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
